Член на шведската Кралска академија го предложи Едвард Сноуден за Нобелова награда за мир

Од:

Членот на шведската Кралска академија на науки и професор по социологија на универзитетот во Јумео, Стефан Свалфош, испрати писмо до Норвешкиот нобелов институт, во кое го предлага Едвард Сноуден за Нобелова награда за мир, пренесе
британското радио Би-Би-Си, цитирано од ИТАР-ТАСС.

Во писмото се наведува дека „херојските напори на Сноуден, што тој ги презел на своја штета, фрлаат нова светлина врз големината на шпионската активност што САД ја изведувале“.

– Благодарение на смелоста на Сноуден нашиот свет стана подобар и побезбеден, подвлекува Свалфош.

Професорот, меѓутоа, се сомнева дека Нобеловиот комитет ќе го почести Американецот со наградата.

– САД го обвинуваат Сноуден за шпионажа, а за него е прогласена меѓународна потерница. Неговите шанси да го добие ова признание се мали. Мислам дека Нобеловиот комитет нема да смее да донесе таква одлука. Тоа би било таков предизвик за американските интереси што не сметам дека ќе се случи, изјави тој.

Лондонскиот весник „Дејли мејл“ забележува дека Сноуден не се најде на списокот на кандидати за Нобеловата награда за мир за оваа 2013 година, бидејќи составувањето на списокот заврши на 1 февруари. Тој, меѓутоа, може да биде вклучен меѓу кандидатите за 2014 година, наведува весникот.

Доколку следната година Сноуден ја добие Нобеловата награда за мир, тој ќе биде најмладиот носител на ова престижно признание во неговата историја.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска