Чивава спаси девојче од напад на питбул

Од:

Една чивава стана вистински херој во Канада откога го спаси животот на својата мала сопственичка, која беше нападната од питбул.

Осумгодишната Џена Дероша од Чиливак, во провинцијата Британска Колумбија, си играла во дворот на својата куќа кога ја нападнал питбул од соседството.

Кучето прво го гризнало девојчето за колено, а потоа и за лице, кога интервенирала Хани, четиригодишната чивава на бабата на Џени.

Иако осум пати помала од својот противник, храброто кутре докажа дека има јуначко срце. Без колебање му излезе на питбулот „на мегдан“. Збеснатиот питбул тогаш го пуштил девојчето и тргнал во потера по чивавата.

Кога ги слушнала криците, сопственичката на питбулот излегла од својата куќа и некако успеала да го смири кучето.

Џена, која се здоби со сериозни повреди на лицето, веднаш е одведена во болница, каде е оперирана.

Агресивниот питбул, во меѓувреме, е успиено.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка