Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти претседателот на Здружениот Генералштаб, Чарлс Квинтон Браун, кој е највисок офицер во САД. Ова е дел од големото поместување на Трамп во највисокото воено раководство.

„Сакам да му се заблагодарам на генералот Браун за неговата 40-годишна служба на нашата земја, вклучително и како претседател на Здружениот началник на Генералштабот“, објави Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека уште пет други високи офицери се сменети.

Генералот Браун е вториот Афроамериканец во историјата на САД на оваа позиција, која ги советува претседателот и секретарот за одбрана за националната безбедност. Секретарот за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека Браун треба да биде отпуштен поради неговиот „woke“ фокусот на различностите, еднаквоста и програмите за вклучување во војската.

Вчера тој објави отпуштање на уште двајца високи офицери, и тоа началникот за поморски операции, адмирал Лиза Франчети и заменик-началникот на Генералштабот на воздухопловните сили, генерал Џим Слајф. Франчети беше првата жена на чело на морнарицата. Браун, Франчети и Слајф беа избрани на овие функции за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Хегсет истакна дека под претседателот Трамп ќе биде воведена нова команда која ќе ја фокусира војската на основните мисии за одвраќање, борба и победа во војни. Во ноември минатата година, пред да биде избран за министер, тој во подкаст рече дека има многу проблеми во војската, вклучително и иницијативи за различности, и дека администрацијата на Трамп треба да ги поправи, пренесува Би-би-си.

Би можело да ве интересира

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“