Повеќе од 13 луѓе загинаа, а 142 се водат како исчезнати по бродоломот во езерото Куву, во источниот дел на Демократска Република Конго изјави денеска преседателот Феликс Чисекеди.
Тој додаде, при несреќата што се случи во понеделникот, дека спасени се 37 луѓе.
Бродот со 200 патници што пловел кон комерцијалниот центар Гоми потона во езерото Киву.
Невладините организации повеќепати досега бараа од властите да се зголеми контролата над бродскиот превоз бидејќи пренатрупаните чамци и бродови, се честа причина за несреќите.