Четвртина од вработените во Германија сè уште работат од дома

Од:

Во Германија, според податоците за август, 24,4 проценти од вработените работеле од дома барем дел од своето работно време, според извештај објавен денес од Минхенскиот институт за економски истражувања (IFO) во Минхен.

Стапката на работа од дома во Германија е прилично стабилна од 2022 година и е околу една четвртина од сите вработени, па затоа нема забележлив тренд на враќање на работниците во канцеларија, коментираше Жан-Виктор Алипур, истражувач во Минхенскиот институт.

Највисок процент на работа од дома е забележан во услужниот сектор – 35,1 процент од вработените. Во преработувачката индустрија, 15,7 проценти од работниците работат од дома, додека во трговијата процентот е 11,9 проценти (големопродажба 17, малопродажба 4,6 проценти).

Најмалку застапена далечинска работа е во градежништвото, со само 4,4 проценти.

Кампањите за враќање на вработените во канцеларијата привлекуваат медиумско внимание, но работењето од дома е веќе константа во деловната култура, особено кај младите и брзорастечките компании, додаде Алипур во статија објавена на веб-страницата на IFO.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата