Четврти мексикански политичар убиен непосредно пред изборите

Од:

Мексикански кандидат за пратеник беше застрелан вчера во град во близина на Мексико Сити, со што стана четвртиот политичар убиен во Мексико неспоредно пред парламентарните избори, кои ќе се одржат в недела.

Мигел Анхел Луна, кој е поранешен градоначалник на гратче во Мексико бил нападнат од вооружени мажи во канцеларијата, која ја изнајмил за предизборните активности, се наведува во соопштението на неговата Партија за демократска револуција. Луна починал во болница кусо по нападот.

Од март тројца кандидат за градоначалници се убиени во јужните мексикански држави Мичоакан и Гереро, а вооружена групација упадна во понеделникот во седиштето на Изборната комисија во градот Тлапа и опожари над 116.000 гласачки ливчиња.

Радикалните групации и синдикатите во сферата на образованието ветија дека ќе го саботираат неделното гласање за Долниот дом на Конгресот, девет гувернерски позиции и неколку стотици градоначалнички функции.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори