Четврта средба на папата Франциско со трансродови лица

Од:

Папата Франциско вчера се сретна со четвртата група трансродови лица, кои нашле засолниште во Римокатоличката црква, соопшти денеска Ватикан.

Заедницата на Пресвета Безгрешна Богородица во населбата Торвајаница на периферијата на Рим ги отвори вратите за трансродовите луѓе за време на пандемијата со Ковид-19.

Претходно, папата Франциско имаше средба со трансродовите лица на 27 април, 22 јуни и на 3 август.

Некои членови на ЛБГТ заедницата го пофалија папата за неговата работа со нивната заедница, иако тој силно се спротивстави на „родовата теорија“ и не го промени учењето на црквата дека хомосексуалните чинови се „суштински растроени“.

Минатата година папата дозволи објавување на документ од Ватикан во кој се тврди дека Католичката црква не може да благослови истополови заедници бидејќи „Бог не може да го благослови гревот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ