Седум луѓе загинаа, а 61 се повредени на масовните протести во Венецуела, по претседателските избори на кои опозицискиот кандидат Енрике Каприлес бара да се повтори пребројувањето на гласовите, соопшти државната обвинителка, Луиса Ортега.
Таа не изнесе повеќе детали за жртвите, само наведе дека околу 135 лица се приведени.
На националната телевизија се обрати и новоизбраниот претседател Николас Мадуро, кој нагласи дека знае за пет загинати лица. Тој за немирите директно го обвини својот противник Каприлес.
-Вие сте одговорни за починатите за кои што денес плачеме – порача тој.
Од друга страна Каприлес пак преку „Твитер“ ја обвини владата, за која што тврди дека украла гласови.
-Неговиот избор е нелегитимен и неговата влада нареди насилство за да се избегне пребројувањето на гласовите –истакна Каприлес.
Мадуро во понеделник беше официјално прогласен за победик на претседателските избори во Венецуела, на кои со 300.000 гласови извојува победа.
Елена Георгиевска