Колумбиската војска соопшти дека еден помал авион се урнал во џунгла во близина на границата со Панама, при што загинале четири од шест лица кои се наоѓале во него.
Градоначалникот на Аканди во покраината Чоко изјави дека несреќата, која се случила околу еден часот по полноќ по локално време, ја пријавиле локални земјоделци.
Во соопштението, во кое се потврду смртта на четворицата патници во авионот, колумбиските власти наведуваат дека останатите две лица поради здобиените повреди биле пренесени во болница.
Началникот на одделението за итни ситуации во соседната покраина Антиокија, Сесер Ернандес истакна дека петмина од патниците во авионот биле Американци, а еден бил државјанин на Панама.
Официјални претставници на колумбиската агенција за цивилно воздухопловство нагласија дека немаат информации за леталото кое се урнало, бидејќи не станува збор за цивилен авион.