Четворица загинати при напад врз конвој на НАТО во Кабул

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 22 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад врз конвој возила на силите на НАТО во авганистанкиот главен град Кабул, јави ДПА.

Авганистанкото Министерство за здравство соопшти дека сите жртви при нападот се Авганистанци, додавајќи дека нема информации за загинати или ранти меѓу припадниците на Алијансата.

При нападот, што се слулил во близина на Амбасадата на САД во Кабул, биле уништени или сериозно оштетени неколку цивилни возила.

Командата на Мисијата на НАТО во Кабул одби да го коментира случајот.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан