Четворица загинати и 10 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Франција

Од:

Четири лица загинаа, а повеќе мина се повредени во синоќешната тешка сообраќајна несреќа во близината на Роан, Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Несреќата се случила кога возилото од марката „Цитроен-Берлинго“ околу еден часот по полноќ излетало од патот. Во него се наоѓале 14 лица, наместо дозволените пет на возраст од 15 до 17 години.

Повредените се наоѓале во тешка здраствена состојба.

Возилото се движело по полски пат полн со кривини, а возлилото по излегувањето од патот се превртило повеќе пати, а наводно и возачот бил малолетник.

Истражните органи работат на откривање на сопственикот на возилото и зошто толку лица се наоѓале во него. Се врши и контрола на алколхолот или користење на наркотични средства.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен