Четворица уапсени во втора ноќ на немири во Шамбери

Од:

Четири лица беа уапсени минатата ноќ во местото Шамбери во француските Алпи, по уличното насилство во кое учествуваа меѓу 20 до 30 луѓе на возраст од 15 до 20 години, јави дописникот на МИА од Париз.

Според префектурата од Савоа, синоќа околу 18:30 часот 20 до 30 маскирани лица се собраа на протест во северниот дел на Шамбери, потпалувајќи притоа неколу контејнери и автомобили. Судирите меѓу младите демонстранти и полицијата траеја речиси три часа. Засега нема извештаи за повредени.

– Две или три мали групи на млади луѓе почнаа да предизвикуваат немири и подметнаа пожари, изјави градоначалникот на Шамбери, Мишел Дантан.

Полицијата успеа да ги разбие демонстрантите околу 21:30 часот, по што на пожарникарите им беше овозможено да интервенираат за гасење на пожарите. При интервенцијата на полицијата се уапсени четири лица.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано