Во експлозија за време на протестите против изборите за Уставотворно собрание во Венецуела вчера во Каракас беа ранети најмалку четворица полицајци, пренесе ТАСС.
Рачно изработена бомба била фрлена врз конвој од полициски мотоцикли во главниот град на Венбецуела, а снимка од тоа што се случило е објавена на Твитер.
Според електронското издание на весникот „Универзал“, во нападот се настрадани неколкумина припадници на полицијата, но и граѓани, а седум мотоцикли се изгорени.