Четворица Чеченци-тинејџери уапсени во Стразбур, наводно подготвувале атентат

Од:

Четворица млади луѓе на возраст од 16 до 18 години беа уапсени ова во Стразбур и Шилигхајм од страна на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ). За нив постои сомневање дека подготвувале насилна акција.

Во операцијата спроведена во раните утрински часови во Стразбур и блиските места, беа вклучени специјалните антитерористички сили, како и агентите на Генералната дирекција за внатрешна безбедност. Осомничените беа приведени во главниот комесаријат во Стразбур под обвинение за терористичкото здружување. Тие се на возраст од 16 години, двајца на 17 и еден на 18-годишна возраст. Сите четворица се родени во Русија и припаѓаат на чеченската заедница, инаку многу присутна во францускиот регион Долна Рајна. Еден од нив имал француско државјанство.

Акцијата спроведена денеска е дел од прелиминарната истрага на Националното обвинителство за борба против тероризмот (Пнат). Четворицата млади лица се сомничат дека биле вклучени во „подготовката на план за насилно дејствување“, изјави судски извор.

Извршени се претреси во домовите на осомничените. Нивните сослушувања треба да им овозможат на истражителите да дознаат повеќе за природата на нивните намери и нивните мотиви.

На 27 април веќе беше спроведена друга полициска акција во чеченската заедница во Стразбур. ДГСИ тогаш уапси шестмина мажи на возраст од 28 до 48 години во различни делови на градот, како и во Бишхајм. Уште две лица беа уапсени во Пи-де-Дом и во регионот на Париз. Овие апсења следеа по истрагата што ја отвори Пнат за престој на едно лице во Сирија и за можна мрежа што испраќа средства во Сирија.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток