Четворица борци на Аш Шабаб убиени во напад врз американска воена база во Кенија

Од:

Командата на кениските вооружени сили соопшти дека во петочниот терористички напад врз американска воена база во земјата биле ликвидирани и четворица терористи , јави телевизијата Си-Ен-Ен.

Според податоците на Африканската команда на американските вооружени сили, з ашто веќе пишувавме, во нападот загинале еден американски војник и двајца цивили, кои работеле за Пентагон.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската исламистичка група Аш Шабаб.

Во соопштението на кениската војска се посочува дека нападот врз авионската писта во базата бил успешно одбиен, а потоа биле пронајдени и телата на четворицата убиени терористи.

Авионската писта се наоѓа во кениската провинција Ламу, што се граничи со Сомалија.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“