Четричлено семејство од Словенија меѓу седумте жртви во пад на хеликоптер во Италија

Од:

Во хеликоптерската несреќа што се случи денеска на југот на Италија, загинаа седум лица, меѓу кои и семејство словенечки туристи, јавија италијанските медиуми.

Хеликоптерот исчезна од радарите во рурална област во регионот на Пуља, а воздухопловните сили и пожарникарите организираа потрага по исчезнатиот авион. Локалните власти соопштија дека хеликоптерот набрзо бил пронајден и дека седум лица загинале.

Меѓу загинатите има и четиричлено семејство од Словенија, меѓу кои и 13-годишно девојче, јавуваат локалните медиуми.

Останатите жртви се локален лекар и двајцата пилоти на хеликоптерот.

Се претпоставува дека хеликоптерот, кој летал меѓу регионот Пуља и италијанските острови Тремити во Јадранското Море, се урнал поради лошото време.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера