Четиринаесет тони амфетамин запленети од страна на италијанската полиција

Од:

Италијанската полиција заплени рекордни 14 тони амфетамини наменети за европскиот пазар, чијашто вредност се проценува на една милијарда американски долари, а се претпоставува дека се произведени во Сирија од група поврзана со т.н. Исламска држава заради финансирање на нејзините екстремистички активности.

Полициските власти соопштија дека околу 85 милиони таблети амфетамин биле пронајдени во три бродски контејнери во пристаништето Салерно во јужна Италија, што е најголема заплена на таа дрога досега во светот.

Полковникот на царинската полиција, Доменико Наполитано за државното радио изјави дека истражителите веруваат дека дрогата била произведена од таканаречената Исламска држава за финансирање на нејзините милитантни активности.

Тие претпоставуваат дека производството на амфетамини во Европа е попречено од пандемијата на коронавирус и дека дилерите на дрога, најверојатно, се обратиле до производителите во Сирија.

Полицијата соопшти дека во моментов се обидуваат да утврдат дали криминалниот клан Камора од Неапол нарачал голема пратка амфетамини за меѓународна дистрибуција, со оглед дека многу помала количина на таа дрога била запленета во пратка облека две недели претходно во пристаништето Салерно.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија