Роберт „Боби“ Туфтс се уште е во градинка, но веќе два пати е избран за градоначалник на неговиот роден град Дорсет во Минесота. Градот во кој живеат само 25 луѓе нема официјална Влада, а Боби за неговиот втор мандат е избран на фестивалот кој се одржува секоја година.
Секој човек во Дорсет може да гласа колку пати сака, а секој глас се плаќа по долар.
Боби имал само три години кога првпат е прогласен за градоначалник, а неговата мајка, Ема Туфтс рече дека била изненадена кога нејзиниот син повторно победил.
Најмладиот градоначалник во светот случајно го избра човек од публиката, кој со шамија на очите извлече име напишано на хартија од проѕирна чинија.
Првиот ден од новиот мандат Боби го помина во напорна работа, а навечер со семејството прослави покрај логорски оган и слатки.