Четириесет отсто од Французите против објавувањето на карикатури на Мухамед

Од:

Повеќе од 40 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека треба да се избегнува објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед, а половина од нив се согласуваат со ограничувањето на слободата на говор на интернет, покажало истражувањето на јавното мислење, објавено денеска, а спроведено по терористичките напади во „Шарли ебдо“, пред десетина дена.

Во истражувањето на институтот „ИФОП“, кое го објавил неделникот „Ле Журнал ди Диманж“, на прашањето околу тоа дали треба да се објавуваат карикатурите, имајќи во предвид дека „некои муслимани се чувствуваат повредени или нападнати со објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед“, 57 отсто од анкетираните одговориле дека „не треба да се им се обрнува внимание на реакциите и треба да се продолжи со објавувањето на такви карикатури“. Наспроти нив, 42 отсто од испитаниците мислат дека рекациите „треба да се земат во предвид и да се избегнува објавувањето на карикатурите“.

Пеесет отсто од испитаниците се согласуваат со „ограничување на слободата на изразување на интернет и на социјалните мрежи“, наспроти 49 отсто од оние кои се против оваа мерка.

Осумдесет отсто од анкетираните го поддржуваат „одземањето на државјанството на лица со двојно државјанство осудени за терористички активности на француска територија, а 68 отсто од нив се согласуваат со „забрана за враќање во Франција на француски државјани осомничени дека се бореле во земји под контрола на терористички групи“.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски