Во три силни експлозии во источен и јужен Авганистан денеска загинаа најмалку четворица припадници на безбедносните сили, меѓу кои и еден офицер, а седуммина се тешко повредени, од кои тројца се цивили.
Досега никој не ја презеде одговорноста за трите напади кои се случија во услови на зголемено насилство и судири меѓу владините сили и талибанците.
Владини претставници, судии, новинари и активисти беа убиени во серија напади во изминатите недели, додека во Катар се одржуваат мировни разговори меѓу авганистанската Влада и талибанците, под покровителство на САД.
Тимот на американскиот претседател Џо Бајден го анализира мировниот договор што неговиот претходник Доналд Трамп го постигна со талибанците во февруари 2020 година, со кој американските сили и сојузниците се обврзуваат да го напуштат Авганистан до 1 мај годинава.