Четири жртви на поплавите во Италија

Од:

Поплавите, предизвикани од поројните дождови во тосканската провинција Гросето, во централна Италија, досега го однесоа животот на четири лица, пренесоа германските медиуми, повикувајќи се на властите.

Локланите власти издадоа ново предупредување за опасност од надојдените води.

Тројца службеници на националната електрична компанија-ЕНЕЛ, двајца мажи и жена, загинаа вчера вечер додека со возилото минувале преку мост, што се урнал. Утринава властите изјавија дека трагаат по уште три лица, кои се исчезнати. Подоцна тие беа идентификувани како жртви.

Поплавите вчера ја предизвикаа и смртта на четвртото лице, 73-годишен маж, кој се удавил, откако неговиот автомобил бил поплавен од надојдената река.

Жена возач, на истата возраст, била примена во болница, откако паднала во буицата, и нејзината состојба и натаму останува критична.

Поројните дождови и катастрофалните поплави ги опустошија областите Тоскана и Умбрија. На многу места реките се излеаја од своите корита.

Заради стихијата, вчера, над 100 лица требаше да ги напуштат своите домови и да се сокријат во привремени засолништа.

Обласниот управник на Тоскана, Енрико Роси, ја повика армијата да помогне во справувањето со последиците од поплавите.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он