Четири тони кокаин запленети неделава во Панама, уапсен политичар од владејачката партија

Од:

Повеќе од четири тони кокаин се запленети неделава во Панама во три одделни акции на полицијата, а во една од нив е уапсен гувернер од партијата на претседателот на државата.

Гувернерот на домородната зона во карипскиот регион, Ерик Иван Мартело, кој е назначен од претседателот Кортизо, е уапсен заедно со уште едно лице додека патувале со автомобил во кој имало 79 пакети со кокаин, сокриени под седиштата.

Панама, преку која минуваат големи количества дрога од Колумбија на пат кон САД, минатата година го урна сопствениот годишен рекорд на заплена на дрога. Минатата година биле запленети 91 тон дрога, претежно кокаин.

Би можело да ве интересира

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Истрага против дилер на кокаин во Штип

Познат белгиски фудбалер е уапсен за шверц на кокаин од Јужна Америка

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба