Четири лица загинаа, седум се водат како исчезнати, а 240 се спасени откако ферибот кој што патувал од пристаништето Реал до островот Полило се преврти на Филипините.
На фериботот имало 251 лице, а несреќата се случила поради бурата и обилните дождови. Според крајбрежната стража, фериботот тежел 206 тони и не бил претоварен, бидејќи имал капацитет за 286 лица.
Спсувачката акција била отежната поради лошото време и високите бранови.