Четири лица загинаа, 12 се повредени во експлозија во Ирак

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени денеска во експлозија на автомобил-бомба во Хусанија, претежно шиитско предградие на Багдад, соопштија ирачките власти.

Двајца полицајци изјавија дека автомобилот-бомба, кој бил паркиран во Хусанија експлодирал рано изутринава и оти при тоа загинале четворица цивили, додека меѓу 12-те повредени има четворица полицајци, кои се наоѓале на контролниот пункт во близина на местото на експлозијата.

Хусанија се наоѓа на 25 километри источно од центарот на Багдад. Верското насилство во Ирак ескалираше на 23 април, кога силите за безбедност се обидоа да спроведат апсења на сунитските демонстранти во северниот град Хавиџа.

Во судирите, кои избувнаа се убиени 23 лица, од кои тројца војници.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија