Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Од:

Четири лица се повредени во руски воздушен напад во текот на ноќта.

Нападот предизвика пожар во приватна компанија и оштети неколку куќи во Харков, соопштија денеска украинските власти, пренесе Ројтерс.

Една 62-годишна жена е пренесена во болница, додека 66-годишен маж е повреден кога дел од уништениот руски дрон паднал и оштетил неколку куќи.

Службите за итни случаи реагираа брзо, а поради напад на руски дрон избувна пожар во приватна компанија во Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов на својот канал на Телеграм.

Исто така, при напад во областа Запорожје во југоисточна Украина, повредени се две жени и двајца мажи, изјави гувернерот на тој регион Иван Федоров. Русија, според него, извршила 362 удари врз населени места во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија