Четири лица повредени од паднато дрво во Чешка

Од:

Невремето кое вчера ја зафати Чешка предизвика прекин на патничкиот и железничкиот сообраќајот, илјадници домаќинства останаа без струја, а паднато дрво на стадион во Брно повреди четири лица, јави дописникот на МИА од Прага.

Меѓу повредените, кои следеле фудбалски натпревар, се двајца возрасни и две деца кои се здобиле со помали и средни повреди на главите. Невремето кое беше предизвикано од бура која според метеоролозите дојде од Швајцарија се движеше од западниот кон североисточниот дел на земјата.

Во Плзењскиот крај каде беа забележани голем број на молњи и пороен дожд имаше прекин на електричната енергија, а беа евакуирани и неколку летни детски кампови.

Во Прага, пожарникарите отстрануваа десетина паднати дрвја, а работата на аеродромот „Вацлав Хавел” извесно време беше во прекин и четири авиони за слетување беа пренасочени на друг аеродром.

Во саботата во Чешка беа измерени рекордно високи температури, кои се искачија над 38-от степен, додека во главниот град беа измерени температури околу 39-от степен, како во 1983 година кога се смета дека е измерена апсолутно рекордна температура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски