Четири фактори кои одредуваат дали вакцинираните ќе се заразат со Ковид-19

Од:

Врз основа на студијата „Covid Symptom”, најчести симптоми кај коронавирусот се главоболка, растечен нос, кивавица, болка во грлото и губење на чувството за мирис и за вкус. Овие симптоми најмногу ги погодуваат невакцинираните, со тоа што кај нив се појавуваат и температура и кашлање.

За разлика од невакцинираните, вакцинираните се во многу помал ризик од хоспиталицазија доколу се заразат по двете примени дози.

Според истражувањата четири фактори влјаат на тоа дали вакцинираните ќе се заразат со коронавирусот.

Видот на вакцина

Сите вакцини се ефикасни, псотјано повторуваат стручњаците, но некои од нив имаат малку подобар процент на ефикасност односно поуспешно го блокираат развојот на болеста кај лицата кои ја примиле конкретната вакцина.

Истражувањата покажуваат дека вакцината „Фајзер’ го намалува ризикот за развој на симптоми до 95 проценти. Процентот кај „Астра зенека“ е околу 81 посто, под услов растојанието меѓу двете дози да е подолго.

Времето на вакцинација

Давањето таканаречена бустер доза е се поактуелно со оглед дека се покажува оти времето кое минува по вакцинацијата влијае на заштитата од ковид. Истражувањето кое треба да биде потврдено покажало дека дејството на „Фајзер“ избледува по шест месеци од вакцинацијата.

Уште е премногу рано да се каже колкава е всушност заштитата која ја даваат вакцините по шест месеци од аплицирањето.

Соеви

На тоа колку ќе не заштити вакцината која сме ја примиле влијае и тоа на кој сој на вирусот сме изложени. Вакцините главно се направени на основа на податоците за првобитниот алфа сој, па така ефикасноста на „Фајзер“ кај делта сојот паѓа од 95 на 88 проценти.

Имунолошкиот систем

На сите овие фактори се надвозрува имунолошкиот систем. Секој организам различно реагира на вирусите. Имунитетот се намалува со стареењето, а и хроничните заболувања можат да го намалат ефектот на вакцината.

Повозрасните и лицата со нарушен имунитет може да развијата послаба заштита од вирусот во однос на комплетно здрава личност или таа заштите може многу побрзо да помине.

Би можело да ве интересира

Оксфорд: „Вакцина“ е збор на годината

ЕЦДЦ: Засега нема итна потреба од трета доза вакцина за општата популација

Една доза вакцина значително ја намалува опасноста од зараза со Ковид-19

Тајван се жалеше дека не може да дојде до вакцини поради Кина, сега САД му донираат 750 илјади

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во метежот за вакцини и ваучери од 25 евра, еден дедо си ја изгуби бабата

А1он

Брнабиќ: Во Србија ревакцинирано 20 отсто од населението