Една доза вакцина значително ја намалува опасноста од зараза со Ковид-19

Од:

Опасноста за зараза со коронавирусот е многу помала по примена прва доза од вакцините „Астра зенека“ и „Фајзер“ покажува студија направена во Велика Британија.

Вакцината против Ковид-19 дала добри резултати кај повозрасни од 75 години како и кај лица со хронични болести.

Британската служба за национална статистика и Универзитетот Оксфорд потврдуваат уште посилен имунолошки одговор по две примени дози.

Истражувачите кои се поделени да работата на две студии кои уште не се официјално објавени, резултатите ги базираат на тестовите за коронавирус кај 370 илјади луѓе во Велика Британија. Ова е најголемо истражување од овој тип досега.

Во првата студија, луѓето вакцинирани со една доза „Фајзер“ или „Астра зенека“ имале 65 проценти помали шанси за заболување во однос на невакцинираните.

Три седмици по првата доца, почнувајќи од декември 2020 до почетокот на апрл 2021 година, бројот на инфекции со симптоми паднал за 74 посто, додека бројот на инфекции без симптоми се намалил за 57 посто.

Лицата кои примиле две дози „Фајзер“ имаат 90 проценти помали шанси за заболување. За вакцината „Астра зенека“ овој процент не можел да биде одреден затоа што малку луѓе со примена втора доза од оваа вакцина учестувале во испитувањето со оглед дека дистанцата меѓу двете дози е 12 недели, а и вакцинацијата со „Астра зенека“ почна подоцна.

Студијата покажала дека вакцините се ефикасни и против британскиот сој.

Би можело да ве интересира

Пандемијата на коронавирусот ќе има долгорочно влијание на менталното здравје

Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани

Катерина Павлова-Николовска

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Вакцинираните добиваат привилегии, во голем дел од светот се враќаат рестрикциите

Имунолозите изолираа антитело кое реагира на делта сојот

Делта сојот е проширен во 111 земји, три милиони нови случаи на коронавирус за една недела

Катерина Павлова-Николовска