Четири деца убиени во Авганистан

Од:

Авганистански командоси и специјалци од меѓународната коалиција извршија ноќеска напад во провинцијата Логар во кој загинаа пет цивили меѓу кои четири деца, соопшти локалната полиција.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во операцијата во селото Сеџеванд биле убиени 23 талибанци и 26 се уапсени. Во соопштението не се наведува дека има загинати цивили, но од видеозапипс на западни медиуми се гледаат тела на најмалку три деца.

Операцијата била извршена за спасување двајца авганистански војници, киднапирани претходниот ден од талибанците.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан