Чесите во трка за заработка наоѓаат дополнителна работа

Од:

Се повеќе Чеси поради недостиг на средства за убав живот, покрај редовната работа бараат начини за екстра заработка.

Дека работат по две работи, официјално признаваат над сто илјади луѓе, а според неофицијалните проценки, дополнителна работа се претпоставува дека имаат над една четвртина од сите вработени, односно повеќе од еден милион луѓе.

Најчесто Чесите, екстра заработувачка остваруваат со чистење по домови или како дополнителна помош во супермаркетите во ноќните часови.

Со оглед на тоа што платите не се пораснатаи, а трошоците за животниот стандард се зголемени, втората работа е опција за одржување на едно ниво на живот, а не збогатување, велат аналитичарите.

Според, анкетата на Центарот за истражување на јавното мислење (ЦВВМ), над 50 проценти од домаќинствата имаат финансиски проблеми. Во последните неколку месеци, за околу 2.500 е пораснал бројот на луѓето кои го оствариле правото да регистрираат бизнис лиценца односно популарно наречено „човек-фирма“.

Оваа форма, некогаш се злоупотребува и се користи само формално. Така вработувачот заштедува на придонесите бидејќи лицата кои се регистрирани сами плаќаат данок и социјални давачки, само на минимална основа.

Според Министерството за труд и социјална политика, просечниот личен доход на ниво на државата не можат да го остварат две третини од вкупно 4,7 милиони вработени.

Експертите, сметаат дека втората работа, луѓето не ја наоѓаат само поради потребата од заработка туку и заради потребната сигурност во случај да останат без редовно вработување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски