По една недела во Чешка, денеска повторно се отворија гласачките места во вториот круг од гласањето за една третина од идниот состав на Горниот дом на Парламентот- Сенатот, јави дописникот на МИА од Прага.
Интересот на гласачите, минатиот петок беше традиционално низок, околу пет проценти.
Во 2014 година, на вториот круг гласање на сенатските избори излегоа на гласање неполни 17 избирачи, односно околу 21 процент помалку од претходниот круг избори.
Се избираат 27 нови или старо-нови членови на Сенатот. По првиот круг, пред една недела, во 14 изборни единици влегоа претставници на движењето АНО, чиј претседател е министерот за финансии и вицепремиер Андреј Бабиш. Социјалните демократи и Демохристијаните во финалето имаат по девет кандидати, додека ОДС (Граѓанските демократи) имаат можност да задржат најмалку пет места.
Според аналитичарите, без разлика на резултатите од гласањето најсилен клуб ќе биде Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) на актуелниот премиер Бохуслав Соботка.