Чесите избираат нов претседател

Од:

Избирачките места во Чешка се отворени денеска, на последниот ден од вториот круг од претседателските избори на кои за шеф на државата се борат поранешниот командант на армијата Петр Павел и поранешниот премиер Андреј Бабиш.

Пензионираниот 61-годишен генерал Павел, кој работеше во НАТО и се кандидираше како независен кандидат, ја има поддршката од владата на десниот центар, е прозападен и ја поддржува помошта за Украина. Тој се кандидираше на платформа за да ја задржи својата централноевропска земја цврсто вкоренета во Европската унија и НАТО и да поддржи понатамошна воена помош за Украина против руската инвазија.

Павел, исто така, го поддржува усвојувањето на заедничката валута на еврото, чекор што е на втор план со години, и прогресивните политики како што се геј браковите.

Бабиш им кажа на гласачите дека тој, како претседател, ќе понуди да посредува во мировните преговори и сугерираше дека Павел, како поранешен војник, би можел да ја вовлече Чешка во војна. Павел ги отфрли обвинувањата како бесмислени.

Двајцата кандидати гласаа вчера, на првиот ден од вториот изборен круг. Претседателската функција во Чешка е главно церемонијално, но шефот на државата ја назначува владата и е врховен командант на вооружените сили. Во првиот изборен круг на 14 јануари, Павел освои 35,24 отсто од гласовите, а Бабиш 35,15 отсто.

Павел, кој според анкетите е во јасно водство со 58 до 59 отсто од гласачите кои најавиле дека ќе гласаат за него, ги повика гласачите масовно да излезат на гласање и рече дека многу е во прашање. Според тие анкети, Бабиш би можел да добие меѓу 41 и 42 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Павел повика на неограничена воена помош за Украина

Ана Ололовска

Земан со Вучиќ: Се обидов да ја натерам Чешка да го повлече признавањето на Косово

А1он

Генералот Павел ветува дека ќе биде претседател на сите Чеси

Ана Ололовска

Фијала: Чешка за нов претседател на земјата го избра Петр Павел, победи граѓанскиот кандидат

Ана Ололовска

На претседателските избори во Чешка води генералот Петр Павел

Ана Ололовска

Рекордно висок одѕив на изборите за претседател на Чешка

Ана Ололовска