Чесите го кратат одморот поради немање пари и страв да не ја изгубат работата

Од:

Чесите во последно време бираат пократки аранжмани кога одат на одмор, плашејќи се да не ја изгубат работата или поради немање пари воопшто не одат на летување, јави дописникот на МИА од Прага.

Податоците покажуваат дека до лани, секој втор Чех заминувал на двонеделен одмор, додека годинава повеќе од една недела користат 38 проценти од граѓаните.

– Многу од луѓето почнаа да штедат, а исто така можно е да се плашат подолго да отсуствуваат од работа, оценува аналитичаот Томаш Ервин Домбровски.

Психолозите сметаат дека седум дена се малку за човек навистина да се одмори. Ова, од причини што анкетите покажуваат дека луѓето најчесто не ги исклучуваат телефоните и компјутерите и често и за време на кусиот одмор се занимаваат со работните обврски.

Само 34 проценти од лицата сосема се исклучуваат на годишен одмор, 43 отсто од анкетираните биле секогаш достапни на телефон кај надредените, а 23 проценти редовно одговарале на електронската пошта.

Некои други истражувања покажуваат дека дури 60 проценти од Чесите, одморот го користат во својата земја.

Само 30 проценти од населението го искористува целиот одмор што му следува во една тековна година.

Една четвртина од луѓето, лани не успеале да искористат повеќе од 10 дена. За Чесите, најомилена дестинација за одмор е Хрватска, а потоа Словачка и Грција.

Претходно, најголем интерес имаа за Тунис и Египет, но годинава интересот опадна. Чесите најчесто се сместуваат во приватни сместувалишта и сами си ги подготвуваат оброците, иако годинава е забележан мал пораст на интересот за сместување во хотели со три ѕвезди со полупансиони.

Кога се работи за подалечни дестинации каде се патува со авион, чешките граѓани бираат услуга „ол инклузив“ во хотели со четири ѕвезди.

Според анкетите, 82 проценти од граѓаните за одмор одвојуваат максимум по 400 евра за едно лице.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски