Чесите ги обновија туристичките патувања во Египет

Од:

По тринеделна пауза, од денеска неколку туриатички агенции ги обновија летовите за чешките туристи во Египет и според бројот на патници кои веќе отпатуваа, интересот за оваа дестинација не е намален, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако чешкото Министерство за надворешни работи и понатаму предупредува дека не е безбедно да се патува на оваа дестинација, агенциите информираат дека во летувалиштата е мирно и не се заканува никаква опасност. Како к дека во некои области, тамошната Влада тројно го засилила обезбедувањето, а повеќе хотели имаат и сопствено обезбедување.

– Египетската Влада се потруди, Црвеното море да биде заштитено пред било каква опасност и се договори со бедуините да го штитат пристапот преку пустините, а засилено е и обезбедувањето на другите влезови, изјави за чешката телевизија ЧТ 24, портпаролот на Асоцијацијата на туристичките агенции, Јан Папеж.

Интересот на Чесите за посета на Египет и тамошните летувалишта е голем. Само минатата година, таму отпатувале над 200.000 Чеси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски