Чешките Роми најчесто се жалат на расизам од сите малцинства во ЕУ

Од:

Чешките Роми од сите етнички или национални малцинства во земјите на Европската унија најчесто се жалеле на напади, закани или сериозни малтретирања со расистички мотив, информираше Европската агенција за фундаментални права (ФРА).

Истовремено, податоците опоменуваат на опасност поради пораст на криминалот поврзан со етничка омраза и ксенофобија, јави дописникот на МИА од Прага.

Во Чешка во изминатиов период, 32 проценти од чешките Роми доживеале и пријавиле расно мотивирани напади што е најмногу од сите земји каде истражувањето било спроведено.

Слично се чувствувале и сомалиските имигранти во Финска, каде исто така 32 проценти биле жртви на напади и закани од расна природа.

Иако, според последните податоци во Чешка постои тенденција на намалување на бројот на Чесите кои имаат негативен однос кон ромското население, сепак се уште речиси три четвртини од граѓаните (71 процент) изразуваат нетрпеливост кон нив.

Анкетата на агенцијата СТЕМ покажува дека мнозинството Чеси (69 проценти) е против насилство кон Ромите и овој број е за една третина поголем од лани. Во 2010 година, ФРА во сите земји на ЕУ забележала најмалку 84.000 случаи на расистички напади и тоа највеќе во Британија, речиси 47.000.

Во земјите на ЕУ, најчеста цел на напади со расистички мотиви биле Ромите и имигрантите од земјите на субсахарска Африка. Во врска со овие прашања најмалку се пожалиле Русите (само пет проценти) и три проценти од имигрантите од поранешните југословенски републики.

Во земјите, каде главно етничко малцинство се Ромите, како Полска, 26 проценти од анкетираните се пожалиле на расистички напади, во Унгарија – 19 отсто и 16 проценти во Словачка. Тие спаѓаат меѓу земјите каде најчесто се случуваат напади чии мотиви се наводно расистички.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски