Светот се соочува со закана од нова светска војна, се наведува во извештајот на чешкото Воено разузнавање за 2019 година, објавен на веб-страницата на армијата.
Според аналитичарите, глобалниот конфликт моментно „се наоѓа во првата фаза“.
– Се формира перспективата на оние кои можат и сакаат да земат активно учество во конфликтот и постепено се определуваат технолошки инструменти, со кои тој би можел да биде управуван, се наведува во документот.
Авторите на извештајот го посочуваат ривалството меѓу САД, Русија и Кина како можна причина за глобалниот конфликт.
Во документот, исто така, се забележува и намалување на важноста на меѓународното право. Отсуствува мирниот дијалог како начин за решавање на конфликтите кои се појавуваат, а се доведува во прашање и безбедноста на светскиот поредок. Покрај тоа, зголемувањето на тензиите придонесува за манипулација со јавната свест, тврдат чешките аналитичари.