Чешките пратеници одлучуваат дали ќе се самораспуштат

Од:

Чешките пратеници денеска по тригодишно владеење на централно-десничарската Влада на Петр Нечас и „несудената“ техничка Влада на Јиржи Руснок за прв пат во историјата на државата ќе одлучуваат за самораспуштање.

За самораспуштање се потребни 120 гласови од вкупно 200 пратеници. Засега „за” предлогот се изјаснија пратениците на левицата Чешката социјалдемократска партија (ЧССД), Комунистичката партија и партијата ТОП 09, кои имаат вкупно 122 гласа.

Поранешната владејачка ОДС, (Граѓанска демократска партија) најави дека не го поддржува предлогот и дека ќе го напушти гласањето за самораспуштање.

Доколку Долниот дом на Парламентот го изгласа Предлогот за самораспуштање на претседателот на државата според Уставот му се предлага самораспуштање на Парламентот.

Потоа ништо не стои на патот за организирање на предвремени парламентарни избори кон крајот на октомври.

Претходната Влада на Нечас, беше разрешена по неговата оставка, откако беше откриено дека негови најблиски соработници и сопартијци учествувале во корупциски скандал и незаконско прислушување на неговата поранешна сопруга. Потоа беше именувана привремена Влада, но таа не ја доби потребната поддршка во Парламентот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски