Чешките политичари остро го осудија терористичкиот напад во Франција

Од:

Чешките политичари остро го осудија денешниот терористички напад врз францускиот сатиричен неделник„Шарли Ебдо”, во кој најмалку 12 лица загинаа, а десетина беа повредени, јави дописникот на МИА од Прага.

Според официјална Чешка овој чин е „варварски, ѕверски и налудничав и претставува напад врз слободата на говорот, на принципите на демократијата и евроатлантскиот идентитет”.

– Терористичкиот напад во Париз покажува дека треба да се продолжи со меѓународните напори и соработката на земјите во борбата против тероризмот, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка изразувајќи длабоко сочувство за изгубените животи.

Пукањето во седиштето на неделникот, кој е познат по острите критики на политичарите и претставниците на религиите, вклучувајќи го исламот, категорично го осуди и чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек.

– Целосно неприфатливо е однесувањето на напаѓачите кое претставува најгрубо непочитување на човечките животи и манифестација на непријателство кон слободниот говор, кон што се стреми и Чешка, изјави Заоралек.

И за заменик премиерот Павел Бјелобрадек, нападот на слободата на печатот е еден од варварските чинови на тероризам, оценувајќи дека сите земји во Европа треба заеднички да најдат решение за опасноста која им се заканува.

– Кога се обидувам овие нешта малку да ги минимизирам или на нив да гледам од поинаков агол, тоа што уште еднаш докажува, дека тероризмот во никој случај нема смисла за хумор, подвлече министерот за одбрана на Чешка, Мартин Стропницки.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен