Чешкиот претседател Милош Земан ги отфрли барањата за распишување предвремени избори, јави новинската агенција ДПА.
– Слушам повици да распишам предвремени избори во согласност со моите уставни овластувања. Сакам јасно да најавам дека тоа нема да го направам, без оглед што и да се случи, изјави Земан.
Партијата АНО на премиерот Андреј Бабиш освои најмногу гласови на последните избори, но нема мнозинство во Парламентот, ниту договор за коалицирање со некоја од другите партии, па ќе се обиде да обебзеди поддршка за својата малцинска влада при гласањето во Парламнетот на почетокот на јануари.