Чешкиот претседател Милош Земан денеска доби заканувачко писмо со непознат бел прав, соопшти портпаролката на полицијата Јана Мацаликова.
Според Мацаликова, како што јави дописникот на МИА од Прага, пожарникарите преземале соодветни безбедносни мерки и писмото го предале на експертиза.
Канцеларијата на Претседателот не ја потврди директно информацијата, иако според портпаролот Јиржи Овчачек, Земан кој е во тридневна официјална посета на Злинската општина каде и преноќува е информиран за преземените стандардни мерки од страна на припадници на безбедносните сили.