Чешкиот премиер се предомисли и ја повлече оставка

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка денеска соопшти дека решил да ја промени својата одлука од вторникот за поднесување оставка, додавајќи дека наместо да се повлече од функцијата ќе се насочи кон разрешување на неговиот главен политички противник, министерот за финансии Андреј Бабиш, со што би се ставил крај на конфликтот во неговата левоцентристичка влада.

Соботка нагласи дека решил да ја промени одлуката, откако шефот на државата Милош Земан изјави дека оставката на премиерот ќе ја третира само како негово лично повлекување од функцијата, но не и како оставка на целата влада,

Соботка во вторникот изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата поради неговиот конфликт со Бабиш, кој е осомничен за даночни измами.

– Наскоро ќе ја врачам оставката до претседателот Милош Земан. Неприфатливо е Андреј Бабиш да остане на функцијата министер за финансии, изјави социјалдемократот Соботка.

Бабиш, кој е лидер на центристичкото движење Акција на незадоволните граѓани 2011 (АНО 2011), ги отфрла сите обвинувања против него за неплаќање на даноци и одби да поднесе оставка од функцијата министер за финансии.

За шест месеци, на 20 и 21 октомври, во Чешка треба да се одржат редовни парламентарни избори, а АНО 2011 на Бабиш, според анкетите, е фаворит за победа, додека социјалдемократите на Соботка се на второ место.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница