Чешкиот премиер Бабиш исвиркан на одбележувањето на Прашката пролет

Од:

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска беше исвиркан при обраќањето на 50-годишнината од задушувањето на Прашката пролет. Демонстранти извикуваа „срамота“ и го исвиркаа Бабиш кога тој стана да зборува, обвинувајќи го милијардерот – политичар за неговото некогашно членство во Комунистичката партија на Чехословачка.

Одбележувањето на годишнината од советската интервенција во тогашна Чехословачка помина со низок профил во Чешка, каде и премиерот Бабиш и претседателот Милош Земан имаат блиска соработка со Русија. Во своето обраќање, Бабиш изјави дека нападот од страна на Советскиот Сојуз и другите членки на Варшавскиот пакт бил брутален и предизвикал сериозни човечки жртви.

Комунистичка Чехословачка почна да спроведува политички и економски реформи во текот на 1960-ите години, а Прашката пролет во 1968 година почна со изборот на Александар Дубчек за прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка, и неговите најави за забрзани реформи и давање повеќе права на граѓаните. Загрижени од овој развој на настаните, властите во Москва наредија напад врз Чехословачка од страна на советските сили и армиите на Бугарија, Полска и Унгарија ја нападнаа Чехословачка и за неколку дена ја окупираа земјата. Најмалку 79 лица беа убиени во инвазијата, а стотици ранети, додека илјадници побегнале од земјата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница