Чешкиот Парламент се очекува денеска да изгласа недоверба на Владата на премиерот Андреј Бабиш, по обвинувањата дека пред десет години на нелегален начин користел субвенции од ЕУ.
Доколку неговата малцинска Влада, чиј мандат започна минатиот месец, загуби на гласањето, тогаш ќе остане на власт се до формирање на новата влада.
Претседателот на Чешка, Милош Земан вети дека ќе му даде на Бабиш втора шанса, меѓутоа, останатите партии одбија да го поддржат актуелниот премиер поради обвинувањата против него.