Чешкиот министер за финансии не бил соработник на тајната полиција, потврди суд во Словачка

Од:

Братиславскиот регионален суд ја потврди одлуката од минатата година на првостепениот суд, дека името на актуелниот чешкиот министер за финансии Андреј Бабиш е неправедно архивирано како соработник на поранешната тајна полиција (СТБ), јави дописникот на МИА од Прага.

– Доказите покажуваат дека Бабиш активно и свесно не дејствувал како таен полициски соработник. Неговата евиденција како агент е во спротивност со фактичката состојба, рече претседателот на регионалниот суд по донесувањето на пресудата. Тој додаде дека во предвид биле земени сите достапни докази.

Милијардерот Бабиш, кој е Словак по потекло, долго време негира дека свесно соработувал со тајната полиција (СТБ) во поранешната комунистичка Чехословачка.

Тој во 2012 година поднесе тужба против Словачкиот Институт за национална историја (СИНИ), кој ја има архивата на СТБ.

Според СИНИ, архивираните документи покажуваат дека во 1980 година Бабиш работел како доверлив соработник на тајната полиција, а подоцна станал и агент.

Бабиш, во врска со тоа изјави дека за време на комунизмот како вработен во чехословачко трговско друштво кое работело со странство контактирал со припадници на тајната полиција кои се интересирале за комерцијалните активности на компанијата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница