Група од шеесетина пратеници предложила во чешкиот Кривичен законик да се врати делото, јавна клевета на претседателот на државата со казна до една година затвор, јави дописникот на МИА од Прага.
Предлогот е поднесен од пратениците на владејачката коалиција (Социјалдемократите и движењето АНО), како и опозициските Усвит и Комунистичката партија.
– Кој јавно ќе го навреди Претседателот на државата, ги деградира неговите овластувања и ја намалува неговата важност и ќе се казни со затвор до една година, парична казна или конфискација на имот, се вели во предложената нова одредба.
Се предлагаат и амандмани на Законот за прекршоците, а во врска со казнување на оние кои би ја омаловажувале функцијата на Шефот на државата.
– Со ваквите измени и дополнувања на Кривичниот закон и Законот за прекршоците во иднина би се избегнувале ексцесите и јавните навреди на адреса на Претседателот, пишуваат предлагачите.