Чешки политичар повикува на нетрпеливост кон муслиманите

Од:

Томио Окамура, чешки пратеник предизвика реакции во јавноста споделувајќи текст на партиски колега, на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се повикуваат граѓаните да се борат против радикалниот исламизам со шетање на кучиња и свињи во околината на џамиите, јави дописникот на МИА од Прага.

Окамура е член на движењето Зора, основано во 2013 година и има 14 претставници во чешкиот Парламент и изненади со своите анти-исламски ставови повикувајќи ги Чесите да ја спасат ,,земјата и демократскиот начин на живот и да го заштитат културното наследство на предците пред Исламот”.

Пратеникот, кој по татко има јапонско потекло, го пренесе текстот во кој пишува дека чешката гостопримливост треба да има граници и дека граѓаните треба да ги ,,потсетат” муслиманите да ја напуштат земјата.

Жалејќи се на ,,наивниот мултикултуризам”, кој дозволил да се распространат исламските обичаи, 42-годишниот Окамура, кој во поранешна Чехословачка дошол на 6-годишна возраст, ги повикува Чесите ,,кучињата и прасињата да ги шетаат во близина на муслиманските населби и џамии”.

– Со секој купен ќебап финансираме уште една бурка, пишува Окамура, додавајќи дека граѓаните треба да имаат на ум дека ,,тие” немаат толеранција за нив и дека ,,тие” се тука како гости. – Значи немам морална обврска да бидам толерантен и дарежлив за нив, тврди чешкиот пратеник за припадниците на исламската вероисповед.

За Мохамед Абас, претставникот на муслиманите во Чешка, Окамура шири омраза, но смета дека нема влијание врз пошироката маса.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница