Чешки европратеници: ЕУ има потреба од рестартирање

Од:

Чешките европратеници сметаат дека по гласањето на Велика Британија каде мнозинството гласаа за излегување од Европската унија, потребно е рестартирање на Унијата, јави дописникот на МИА од Прага.

-Брегзит, секако не значи крај на европската интеграција, ниту почеток на нејзиниот крај. Тоа би се случило само ако земјите-членки и европските институции ги игнорираат сите предупредувања и не се обидат да ја реформираат ЕУ, изјави европратеникот Павел Теличка, кој во Европскиот парламент (ЕП) е дел од  Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ).

Тој предупреди пред правењето отстапки како за Чешка и за другите европски земји, оценувајќи дека тоа носираскол внатре во Унијата. Тој додаде дека реформата треба да се однесува на буџетот и даноцита, како и безбедносната политика и правилата за азил и миграција.

Поранешниот министер за правда и член на Европскиот парламент Јиржи Поспишил смета дека Унијата има потреба од помала регулација. 

-ЕУ сега, главно, нема потреба од ,,стегање на гвинтови” туку би требало да си ,,препише” регулаторен одмор без нови норми, инаку може да дојде нејзиниот крај, напиша Поспишил на социјалната мрежа Твитер.  

Павел Слобода пак оцени дека ,,европската соработка постоела и пред влезот на Велика Британија во унијата и ќе постои по брегзитот. Тој додаде дека Унијата треба да се замисли над тоа зошто резултатите од евроспската соработка не може ,,да им се продадат” на европските граѓани и дали таа прави се што од неа тие очекуваат. 

Според Еврокомесарката Вјера Јоурова брегзит се случи во лош период, кога унијата е во криза и кога има и други проблеми. 

Таа смета дека клучен фактор за излегувањето на Британија од ЕУ е неодамнешната миграциска криза и подвлекува дека трансформацијата на Унијата треба што побрзо да почне. 

Јоурова мисли дека ЕУ со Британија треба и натаму да продолжи ,,во некаков близок формат” да ја реши рационално и взаемно ситуацијата. Таа оценува дека често критиките кон Европскиот парламент се неправедни бидејќи неговите членови се обидуваат да ги решаваат ,,само поголемите проблеми, а не и малите легислативни измени комуницирајќи со националните парламенти”.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница