Чешката влада поднесе оставка

Од:

Левоцентристичката Влада на чешкиот премиер Бохуслав Соботка поднесе оставка, отстапувајќи му го местото на милијардерот Андреј Бабиш, кој победи на изборите минатиот месец.

– Владата ја одобри својата оставка, таа ќе му биде врачена на претседателот уште денеска, изјави Соботка по редовната владина седница.

Коалициската влада на премиерот во заминување беше прва во последните 15 години која остана на власт цел мандат. За време на ова Влада беше постигнат значителен економски раст, кој доведе до намалување на невработеноста на најниско ниво од сите земји во ЕУ и до набрзо зголемување на приходите за десет години.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница