Чешката Влада подготвува нов ресор – Министерство за истражување и развој

Од:

Коалиционите партнери во актуелната Чешка Влада го поддржуваат предлогот за проширување на Кабинетот за уште оддел – Министерство за истражување и развој, јави дописникот на МИА од Прага.

Планот кој веќе е изработен од вицепремиерот од Христијанската и демократска унија- Чехословачка народна партија (КДУ-ЧСЛ), Павел Бјелобрадек треба биде разгледан од владиниот Совет за истражување, развој и иновации и за него да се изјаснат министрите.

– Една од препораките на меѓународните ревизија на чешката наука е централната власт и ние разгледувавме разни опции, а Министерството се покажа како технички најфункционален систем, изјави Бјелобрадек, кој е одговорен за секторот за наука, истражување и иновации.

Новиот ресор би подготвувал стратегија за Владата и предлог за вкупниот Буџет за научни истражувања кои се однесуваат за сите Министерства.

Според Бјелобрадек, потребно е да се направат законски измени за проширување на Кабинетот со уште едно Министерство за што веќе се разговарало со членовите на чешкиот Парламент.
Чешката Влада е составена од 15 министерства.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница