Чешката Влада наместо сириски бегалци би примила Чеси од Украина

Од:

Доколку во земјите на ЕУ дојде до распределување на десетици илјади сириски бегалци, Чешката влада ќе настојува квотата за бегалци да ја исполни со своите сонародници, Чесите од Волињ, во Украина, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што изјави министерот за внатрешни работи, Милан Хованец, владата не се согласува со евентуални квоти на ЕУ, со кои на земјите членки ќе им се одреди колку сириски бегалци да прифат.

– Владата ми додели мандат, да соопштам дека не се согласуваме со задолжителни квоти, а и оддржување на референдум по тоа прашање во овој момент не доаѓа в предвид, рече Хованец, со тоа негирајќи ја можноста за референдум за која говореше за време на викендот.

Според извори во дипломатските кругови, ако бидат договорени квоти за примање бегалци во Брисел, речиси невозможно е Чешка да биде изземена. Во тој случај земјата би се изјаснила дека 95 проценти од квотата би ја исполнила со Чеси кои живеат во загрозените места со конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина